Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши координацијата: Џафери ќе го стави францускиот предлог на седница на Собранието

0
By Соња Крамарска on July 11, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заврши координацијата свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафери, на која присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митрески; на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица.

Како што соопштија од прес-службата на Џафери, тој на состанокот рекол дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието, претседателот на Собранието ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина.

„Во исто време, нема деловничка одредба која што му овозможува на претседателот на Собранието да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница, се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата“, се вели во соопштението.

Претставникот на Владата, Бојан Маричиќ, на координацијата рекол дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информациите од координацијата до Владата за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни за целата јавност, а во Информацијата се наведени како референца.

Претседателот Талат Џафери, дополнително ќе го определи датумот за свикување на пленарната седница на чиј што дневен ред ќе биде Информацијата. За денес е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред, ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до 5 дена, велат од Собранието.

И координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески по средбата рече дека заклучоците ќе бидат ставени на гласање пред пратениците. „Тоа што е доставено од Влада до Собранието, договоривме материјалите кои што се јавно достапни, кога ќе бидат дополнети ќе бидат доставени до пратениците, можеби и во текот на денов“, рече тој.

Во врска со прашањето дали средбите ќе продолжат во форматот како што беше минатонеделната средба во Клубот на пратеници, Митрески рече дека таа средба била за да се договорат заклучоци кои ќе им бидат проследени на пратениците за гласање. Притоа, рече тој, имавме предлози за промена на преговарачката рамка, но не е возможно, како што потенцираше, да се промени преговарачката рамка која што ни ја доставува ЕУ.

„Подготвени сме, меѓутоа во секое време да разговараме со пратениците од опозицијата за предлог-заклучоците. Со тие предлог заклучоци ние ќе ги побиеме сите дилеми во јавноста, за историјата, билатералните прашања, образованието, за посебноста на македонскиот народ, за јазикот, за идентитетот – се она што ќе го донесеме како заклучок ќе биде задолжение на Владата за периодот што следи“, рече Митрески.

Во врска со Протоколот што го бара ВМРО-ДПМНЕ на увид, Митрески рече дека е тоа записник од состанок и тој како што посочи се уште не е договорен и потпишан. „Кога ќе биде потпишан ќе биде достапен за цела јавност“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ по денешниот координативен состанок.

Координаторот на ДУИ Арбер Адеми по средбата рече дека на координацијата се говорело за преговарачката рамка предложена од ЕУ и доставена од Владата до Собранието, како што потенцира, за францускиот предлог. „Имаше дискусии во насока да бидат доставени сите документи, но јас ќе истакнам во оваа прилика дека јавноста на најтранспарентен начин е информирана за содржината на документите кои се доставени до нашите институции. Не само Владата, министрите и пратениците туку и целата јавност имаат пристап до документите кои се веќе јавно објавени. Ништо не е спорно никој ништо не сака да крие, напротив, цела јавност е информирана за содржината на документите. Нели затоа и ги прават протестите“, рече Адеми. (С.К.)

координација Собрание Талат Џафери француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.