Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши акцијата на МВР низ Скопје: Приведени шест лица од Грчец и четворица од Арачиново

0
By Нова ТВ on December 7, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: derveni.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Можни членови на криминални групи кои делуваат на подрачјето на град Скопје биле цел на полициската акција што СВР Скопје ја почна утрово во содејство со Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, а во координација со Основното Јавно Обвинителство (ОЈО).

Пред и за време на акцијата, поради сомнение за инволвираност во наведените кривични дела, од слобода се лишени најпрво 10 лица од кои шест од Грчец и четворица од Арачиново, како што изјави Сузана Прањиќ Талевска, началник одделение за информации од јавен карактер во МВР. Дел од нив се поврзани и со неодамнешното пукање во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Некои од лицата се приведени по документирани кривични дела како предизвикување општа опасност и загрозување на сигурноста кон службено лице. Дел се, пак, како што нагласи, поради сомненија поради инволвираност во вршење на кривични дела како неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори и неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

„Врз основа на судски наредни се извршени претреси на 34 локации кај вкупно 32 лица во населените места Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар со цел пронаоѓање и обезбедување и пронаоѓање на материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела“, истакна Прањик Талевска.

При претресите се одземени патнички моторни возила, пиштоли, пушки, рамки на муниција и муниција, куршуми од различен калибар, панцирни елеци. Но, и преносни компјутери, мемориски стикови, опрема за видео надзор, мобилни телефони со СИМ картички, пари во различни апоени, прашкаста материја и слично, додаде началничката на одделението за информации од јавен карактер во МВР.

акција МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.