На 22.декември ќе се гласа за нов јавен обвинител, откако денеска се исцрпи расправата по точката за предлогот за јавен обвинител во рамките на продолжението на 22.седница.
Без присуство на пратениците од ЦМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, пратениците Бетиане Китев (СДСМ), Никица Корубин (ЛДП), Џеват Адеми (ДУИ) и Фадиљ Зендели (Беса), порачаа дека кандидатот Љубомир Јовески се соочува со одговорна задача и спротивно од Марко Зврлевски, со својот профеисонализам, ќе треба да ја врати довербата во Јавното Обвинителство.
Расправата за Јовески дојде на дневен ред откако седницата за Предлог буџетот за 2018 година беше преместена за 22 декември.
Владата го предложи Јовески до Собрнаието на 7.ноември.
За именување на јавен обвинител Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас.
Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.