НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши седницата во Апелација за Тенк, одлуката ќе ја соопшти Кривичен

1
By Нова ТВ on September 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заврши јавната седницата на Апелацискиот суд на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“.

Како што рече претседателката на судечки совет Цветанка Периќ одлуката ќе биде добиена од Кривичен суд до каде ќе биде испратена.

Судијата известител Тања Милева на седницата ги прочита четирите жалби од адвокатите и личната на Груевски, а адвокатот Стерјо Зиков ја образложи жалбата на Ѓоко Поповски.

Во жалбата на Груевски е наведено дека во февруари 2018 година настапила застареност на кривичното дело, поради телефонскиот разговор што го направил Груевски на 26.02.2012 година.

Во жалбата е посочено дека пресудата е нејасна и противречна поради што се бара укинување на пресудата од првостепениот суд.

Осудениот Ѓоко Поповски пред судечкиот совет рече дека не е криминалец и не ја злоупотребил службената положба и не знае како се злоупотребува службена положба.

Ѓоко Поповски

Очигледно е во оваа наша чудесна земја, како што рече Поповски, кога не може по коњот, најлесно е да се удри по самарот.

По првостепената пресуда за „Тенк“ поднесени се шест жалби, четири од адвокатите на Груевски, една лично од Груевски и една од Ѓоко Поповски.

Во жалбата на Груевски е наведено дека во февруари 2018 година настапила застареност на кривичното дело, поради телефонскиот разговор што го направил Груевски на 26.02.2012 година. Во неа се посочува дека пресудата е нејасна и противречна поради што се бара укинување на пресудата од првостепениот суд.

Зиков: Има бројни повреди на постапката и на КЗ

Адвокатот на обвинетиот Ѓоко Поповски кој првостепено за случајот „Тенк“ е осуден на 6 ипол години затвор, по јавната седница во Апелација накусо образложи кои се забелешките што ги содржи жалбата.

-Пресудата има бројни недостатоци, пред се има суштествени повреди на постапката и направени се бројни повреди на Кривичниот законик. Моите забелешки главно се на суштествените повреди на КЗ пред се нагласка дадов на неправилното изведување на материјалните докази кои судијата дозволи да се читаат како наслови, а не и содржински што е спротивно на Законот за кривична постапка и со самото тоа може да се носат спротивни заклучоци од тоа што е, рече Зиков.

Тој рече дека не е правилно што постапката против Гордана Јанкулоска е издвоена, бидејќи не можат сите заедно како што рече да ги зинесат аргумените и да ја „нападнат пресудата“.

Тој исто така ја објасни и забелешката во врска со цената што СЈо ја платило за двете вештачења.

-Две вештачења кои се по 10 станици и кои во праксата јас ги плаќам по 100 до 200 евра, СЈО ги платило двете по 2.500 евра или вкупно 5.000 евра и тоа е сериозен преседан и проблем и судот мора да донесе одлука за таквата цена, рече адвокатот на Поповски.

Во врска со заебешките дека одбраната го одолговлекува процесот со честите барања за одложувања, Зиков рече дека тоа не биле обиди за одложување, туку дека неговиоте коелги колегите биле отсутни, бидејќи биле на руги закажани судења, каде ги казнувале ако не присуствуваат.

-Се знае дека таквата одлука се носи за неколу часа, а најмногу за еден ден, рече Зиков.

На седницата не присуствуваше Груевски, како и неговите бранители Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Данчо Анаков и Боро Тасевски, кои го известиле Судот дека се спречени да дојдат бидејќи се ангажирани на други предмети во Кривичниот суд.

Груевски вчера на прес конференција рече дека ниту тој ниту неговите адвокати нема да дојдат на денешната јавна седница на Апелација и обвини дека судовите носат одлуки под политички притисок и дека судот веќе решил да му одреди казна затвор.

За случајот „Тенк“, односно за набавката на лускузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор. 

Во Кривичниот суд во Скопје за „Тенк“ се води и раздвоена постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

 

 

Апелација седница тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.