Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши собирот „Не ја даваме Србија“ – Вучиќ упати пет барања

0
By Zoran Ivanov on April 12, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на собирот „Не ја даваме Србија“ ги прочита барањата. Ги има вкупно пет, а Вучиќ рече дека нема да се откаже додека не се исполни секое од нив.

Воспоставете целосно почитување на уставот и законите, гарантирајте ја безбедноста на граѓаните, институциите да се вратат на граѓаните, вклучително и РТС, клучен учесник во обоената револуција. Под два, утврдете ја правната одговорност на сите граѓани за време на мирните собири во Србија, особено во Ниш на 21 март. Под три, да им се овозможи на секој ученик и студент да се образува и студира ако сака. Под четири, да се откријат сторителите, поттикнувачите и помагачите во извршување на активности кои вклучуваат напади на витални државни институции и објекти и да се спречи преземање на такви активности во иднина. Под пет, да се спречи каква било активност која самоволно и незаконски ја парализира економската активност и ги спречува граѓаните да ги извршуваат своите животни активности на вообичаен начин, во согласност со јавниот ред во кој секој може да смета на фактот дека во едно демократско општество на држави, ќе ги заштитиме виталните животни интереси, рече Вучиќ.

Собирот е веќе завршен. Претходно, на главната сцена пред Домот на народното собрание од 13 часот настапија неколку музички групи и изведувачи. На втората сцена, на плоштадот Никола Пашиќ, настапија културно-уметнички друштва од цела Србија, а на третата сцена, кај црквата Свети Марко, беше организирана програма за деца.

Граѓаните можеа да посетат штандови за зачленување во новото движење и да одберат негово име, да остават писма за претседателот Александар Вучиќ, да добијат информации за поволните станбени кредити за млади. На штандот на Министерството за туризам и млади и Туристичката организација на Србија, можеа да добијат информации за ваучери за одмор во Србија.

Поставени беа и штандови за послужување за учесниците на собирот, како и штандови со рачни изработки на жени од сите краишта на Србија.

Тродневниот собир „Не ја даваме Србија“ започна вчера со дефиле на знамињата на Србија и локалните самоуправи.

 

Белград Вучиќ собир Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.