Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши тричасовната средба меѓу Заев и партиите од владината коалиција

0
By НОВА ТВ Balaban on December 6, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мислам дека на Македонија во овој момент не и се потребни вонредни парламентарни избори. Мислам дека е добро што се зголемува парламентарното мнозинство за уште четири пратеници. Останува еден од БЕСА и четворица од Алтернатива, што сметам дека е пристојно парламентарно мнозинство, рече Петковски.

Заврши тричасовната средба на премиерот Зоран Заев со партиите од  владината коалиција на која тој ги информирал за деталите од договорот за влегување на Алтернатива во Владата.

Тито Петковски, претседател на НСДП по средбата во изјава за медиумите рече дека разговарале за тоа што како коалиција треба да направат за земјава да не се втурне во предвремени парламентарни избори.

– Мислам дека на Македонија во овој момент не и се потребни вонредни парламентарни избори. Мислам дека е добро што се зголемува парламентарното мнозинство за уште четири пратеници. Останува еден од БЕСА и четворица од Алтернатива, што сметам дека е пристојно парламентарно мнозинство, рече Петковски.

Петковски: Алтернатива го искористи моментот

Според него, Алтернатива го искористила моментот за да издејствува што е можно повеќе за себе со само четворица пратеници. Вели дека не станува збор за зачувување на државните интереси, туку преферирање на партиските интереси за да се добие политички профит и функции, наместо евроинтеграциите да се на прво место.

– Ако гледате низ призма што се нуди со зголемувањето на парламентарното мнозинсво и што бара Алтернатива, проценител ќе каже дека Алтернатива бара многу од СДСМ и коалицијата. Местата што ги бара Алтернатива досега биле покриени од други политички партии. Не станува збор за новоотворени места, туку за места кои ги имале СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА. Не се измислуваат нови работни места. Тоа ќе го добиете како детално објаснување и од премиерот и од Алтернатива, рече Петковски.

Додаде дека како партија не бараат ништо и оти најважно е да се зголеми парламентарното мнозинство и Владата да има сигурна поддршкка.

Мирослав Јовановиќ од Српска странка изјави дека преговорите ќе траат уште недела дена.

– Потоа, кога ќе биде новиот претседател на СДСМ, кој ќе се избере на 12 декември, заедно со премиерот да седнеме и да се договирме за сите детали, мислам дека идната недела околу 14-ти треба да се договориме за сите детали, рече Јовановиќ.

 

 

владината коалиција заврши Зоран Заев средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.