Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши церемонијата за устоличување на митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј

0
By Ivana on September 5, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во манастирот Цетиње заврши церемонијата на устоличување на митрополитот црногорско-приморски  Јоаникиј што почна со задоцнување поради протести на противници кои од вчера ги блокираа сите три приоди кон Цетиње. Немирите избија во раните утрински часови, а митрополитот и патријархот Порфириј дојдоа на Цетиње со хеликоптер, каде беа по голема полициска придружба.

Митрополитот Јоаникиј и патријархот на СПЦ Порфириј пристигнаа во Цетиње по девет часот.

Црногорскиот претседател Мило Ѓунаковиќ, кој ги поддржува демонстрантите, од синоќа е во Цетиње. Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ смета дека се што се случи вчера и денеска во Цетиње е обид за терористички акции.

– Напад врз полицијата е напад врз државата! Се што се случи вчера и денеска во Цетиње е обид за терористички акции. Сосема е јасно дека нарачателите и организаторите се највисокото раководство на ДПС во соработка со организирани криминални групи на кои државата ќе им застане на патот, објави тој на Твитер.

На барикадите кај Белведере во Црна Гора е употребено огнено оружје, јави РТЦГ повикувајќи се на Управата за полиција. Нема извештаи за повредени. На истата локација претхгодно беше регистрирана и експлозија. Откако е запалена блокадата кај Белведере, насобраните демонстранти се упатија кон Цетиње и манастирот.

По свечениот чин на устоличување, Јоанакиј замоли за прошка затоа што свештенството и патријархот видоа во Црна Гора многу непријатности и поделби. Јоаникиј беше устоличен со извици „Достоен“.Јоаникиј рече дека поделбите се вештачки предизвикани, и дека направиле се да ги отстранат, за што, како што рече, ќе треба многу време. Нагласи дека ќе служи за братско помирување во Црна Гора.

– Со овој свечен чин, ние не дојдовме да украдеме ништо, кого било да загрозиме или, не дај Боже, да украдеме нешто.Дојдовме да го извршиме светиот чин на устоличување на местото на архиепископот на оваа епархија, рече Порфириј.

Се очекува попладнево патријархот и митрополитот да се вратат во Подгорица. Автобусите со свештеници кои беа на пат за Цетиње се вратија во Подгорица.

Во градот е речиси неможно да се движат луѓе поради голем број фрлени солзавци, јавија црногорски медиуми. Американската влада ги повика сите страни во Црна Гора итно да ја смират ситуацијата, соопшти американската Амбасада во Подгорица.

– Верските слободи и слободата на изразување, вклучувајќи мирно собирање, мора да се почитуваат. Иако имаше многу вперување со прст за тоа кој е одговорен, на крајот поединците ќе одговараат за своите постапки, пишува на Фејсбук страницата на Амбасадата на САД.

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ објави дека е уапсен Веселин Вељовиќ, советник на претседателот на државата поради немирите во Цетиње. Според РТЦГ уапсени се и други пет лица.

Тензично е во Цетиње денеска каде полицијата фрли солзавец врз граѓани на повеќе локации кои протестираа против  устоличувањето на митрополитот Јоаникиј во манастирот Цетиње. Од раните утрински часови се слушаа полициски сирени. Во инцидентите повредени се четири лица соопштија од Општата болница во градот. Според РТЦГ врз граѓаните се фрлени три солзавци и неколку шок бомби. Илјадници граѓани ја поминаа ноќта блокирајќи ги влезовите на Цетиње со цел да ги спречат Јоаникиј и свештеници да влезат на Цетиње.

Митрополитот Јоаникиј протести СПЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.