Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши заложничката драма во Загреб: Киднаперот често зборувал за војна

0
By Нова ТВ on March 11, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 11, 2014 11:26

Киднаперот и двоeн убиец Здравко Кенѓелиќ уапсен е на Славонската авенија во Загреб, потврди полицијата. Наводно и се предал на полицијата, а киднапираната жена Ана П. е ослободена и не е повредена.

Автомобилот во моментот на апсењето го возела киднапираната жена, во моментов во тек е увидот.

Сопругот на киднапираната Ана, Здравко Патачко за новинарите изјави дека се слушнал со сопругата и дека таа не е повредена, му рекла дека Кенѓелиќ не бил агресивен кон неа. Киднаперот и Ана кон Загреб тргнале во утринските часови, а претходно веројатно се криеле на подрачјето на Подравина.

Целиот случај беше сплет на несреќни околности. Во раните претпладневните часови Кенѓелиќ крадел во Лидл па се искарал со обезбедувањето и побегнал. Полицијата го начека во заседа кај куќата во 17 часот и тука го чекале. Кога почнала пукотницата во улицата, Ана стигнала дома со деветгодишната керќа и го паркирала автомобилот на влезот во дворот. Киднаперот дошол до нејзиниот автомобил, го турнал девојчето и со неа побегнал во непознат правец. Покрај деветгодишната ќерка Ана има и 17-годишен син.

Киднаперот во Ѓурѓевац бил потстанар, а неговиот станодавец Андрија Фучек рекол дека во неговата куќа бил од 3. јануари 2011. година. Тврди дека на почетокот Кенѓелиќ уредно му плаќал, но потоа престанал редовно да ги плаќа трошоците и станарината.

Хрватските медиуми јавуваат дека според нивните сознанија последните месеци тој се почесто зборувал за нова свеска војна и за уништување на светот. Луѓето се плашеле од него, велел дека во затворот му било поубаво отколку надвор.

Драмата започна синоќа во Ѓурѓевац околу 18.45 кога со закана кон полицајците Здравко Кенѓелиќ испука неколку куршуми кон полицијата и побегна. Го запрел автомобилот кој наишол во кој што била 39-годишната Ана и се упатил во непознат правец. Потрагата која траеше цела ноќ заврши утрово.

Хрватски „Вечерњи лист“ ексклузивно дознава дека Кенѓелиќ 2010. година бил депортиран од Германија каде отслужувал казна затвор од 14 години поради двојно убиство. Колку што е познато тој нема семејство.

Кенѓелиќ во понеделникот на својот Фесјбук профил напишал „Војната започна! Па ако јас, тогаш и сите“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.