Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршија сведочењата за импичмент на Трамп-следува одлука дали ќе се гласа

0
By Нова ТВ on November 22, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 22, 2019 09:27

На петтиот и последен ден сведочења во рамки на процедурата за отповикување на американскиот претседателот Доналд Трамп, синоќа сведочеа Фиона Хил, поранешната советничка за Русија во Белата куќа и Дејвид Холмс, аташе за надворешна политика во амбасадата на САД во Киев.

И двајцата потврдија дека барањето на американскиот претседател странска земја да спроведе истрага за негов политички ривал е „многу лош преседан“.

Како што е веќе извесно, Трамп му поставил услов на својот украински колега Володомир Зеленски со тоа што побарал од него да спроведе истрага за политички ривал и да објави јавно за тоа, а во замена да добие воена помош од околу 400 милиони долари и прием во Белата куќа.

Фиона Хил

Хил изјави дека Гордон Сондленд, амбасадор на САД во ЕУ кој сведочеше в средата, не бил искрен кога изјавил дека биле потребни неколку месеци за да увиди релација меѓу „Бурисма“ и поранешниот потпретседател Џо Бајден.

„Бурисма“ е украинска енергетска компанија за која Трамп од Зеленски побара да биде претресена од властите на Украина поради наводна корупција. Во компанијата одредено време работел Хантер Бајден, син на поранешниот потпретседател кој е политички ривал на Трамп на претстојните претседателски избори.

– Не ми се верува дека тој не обраќал внимание на тоа, изјави таа.

Според неа, спроведување надворешна политика во сенка е „домашна политичка заблуда што се коси со спроведување на националната безбедност“.

Холмс пак го повтори неговиот исказ даден минатата недела зад затворени врати во својство на сведок на телефонски разговор меѓу Сондленд и Трамп.

– Бевме четворица. Слушнав кога тој го поздрави претседателот и објасни дека се јавува од Киев. Слушнав дека претседателот Трамп тогаш праша дали амбасадорот Сондленд е во Украина. Амбасадорот потврди дека е во Украина и продолжи со изјава дека ’претседателот Зеленски го сака вашиот задник’. Тогаш го слушнав претседателот Трамп како прашува: Значи, тој ќе поведе истрагата?

Амбасадорот Сондленд одговори потврдно, додавајќи дека претседателот Зеленски ќе стори „сè што ќе побарате од него“.

NYT

Хил исто така укажа дека Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на Трамп го нарекол Руди Џулијани, личниот адвокат на претседателот, „граната која ќе не разнесе сите“.

– Болтон ме замоли да им кажам на правниците во Советот за национална безбедност дека тој не е дел од трговијата што ја приготвија Молвејни и Сондленд.

Мик Молвејни е вршител на должноста раководител на претседателската администрацијата.
Хил исто така ги осуди републиканците кои се ослонуваат на теории на заговор со тоа што повикуваат дека Украина се вмешала во изборите во САД.

– Тоа е измислен наратив на руските безбедносни служби, изјави Холмс.

Таа додаде дека целта е да се направи раскол помеѓу САД и нашиот сојузник Украина.

Лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер, синоќа повика судиите да бидат брзи во одлуките по делата поврзани со барањата до некои сведоци, како Џулијани, или Молвејни, за нивен распит во Конгресот.

Сведочењето на Сондленд претходно пак, откри експлозивни сознанија за односите на Вашингтон со Киев и напорите на поединци од администрацијата да извршат притисок врз Украина за политички истраги подобни за Трамп.

Сондлед потврди дека сите клучни лица во администрацијата, од државниот секретар Мајк Помпео до потпретседателот Мајк Пенс, и Молвејни, биле запознаени со тоа.

Демократите во Претставничкиот дом засилено работат на тоа да се претресат сите изнесени докази и материјали добиени од клучните сослушувања оваа и минатата недела. Во периодот што следува со очекува Одборот за правосудство да донесе одлука за гласање на импичмент на претседателот, предвидено да се одржи најдоцна пред католичките божиќни празници.

– Сведоците премногу се потпираат на своите претпоставки и не даваат правилна слика за настојувањата и политиките на претседателот Трамп, реагираа синоќа од Белата куќа на искажаното на распитите неделава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.