Денеска завршува огласот за избор на претседател на скопскиот Апелациски суд.
Според информациите на ТВ 24, досега во Судскиот совет се пријавиле седум кандидати, кои сакаат да го водат второстепениот суд.
Но, оваа бројка може да се промени, бидејќи се очекуваат и кандидатурите кои евентуално се пратени по пошта.
Освен за претседателското место, до Апелација пристигнале дури 18 кандидатури за едно место судија кривичар.
Официјално од Судскиот совет не соопштуваат имиња, но неофицијално меѓу кандидатите се судиите Огнен Ставров и Гордана Спиревска.