Грција би можела да го парализира НАТО преку вето доколку НАТО сака да одговори на нарушувањето на заедничката одбрана, предупреди Збигњев Бжежински, еден од највлијателните американски аналитичари за надворешна политика.
Грција е пријател на Русија. Според Бжежински, анексијата на Крим, Молдавија, Грузија и Азербејџан би можеле да станат нов таргет за Москва. Потоа Русија би можела да се сврти кон Полска и Балтичките земји, изјави Бжежински во интервју за еден полски весник.
Членот на 5 на НАТО предвидува заеднички колективен одговор на секоја агресија против еден од нејзините 28 члена.
“Но, во рамките на НАТО на сила се повеќе процедури помеѓу кои и едногласноста. Тоа значи дека НАТО може да биде парализиран извесно време од страна на Грција, која е пријател на Русија и која има право на вето”, рече Бжежински.
Оваа изјава доаѓа на неколку дена пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрац на Москва на 8 април каде што Атина ќе бара поддршка за своите економски проблеми.
Според агенцијата АФП, веќе во јануари Бжежински и препорачал на комисијата за вооружени сили на американскиот Сенат да ги препозиционира своите трупи како и европските во Балтичките земји како средство за разубедување кон Русија.




