Јога вежба за трудници наместо ургентни мерки за намалување на смрттноста на новороденчињата. Министерството за здравство предвидело 300 000 денари во превентивната програма за заштита на мајки и деца за јога, но нема отчет дали некоја бремена жена ја искористила оваа мерка и каде завршиле овие средства. Ова е само една од мерките кои не се приоритетни додека во болниците умираат трудници и бебиња. Кој е одговорен за повеќето нееефективни мерки за кои е предвиден буџет? Зошто Министерството за здравство годинава го скрати буџетот за превенција, а Ромите ги избриша од програма за мајки деца, погледнете во видеото.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.