Published: Tuesday, March 15, 2022 08:00
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски за денеска најави нова рунда на разговори со руски претставници во обид за ставање на крај на воените дејствија во неговата земја. Притоа тој наведе дека украинската делегација вчера „завршила добра работа“, без да наведе детали.
Тој повторно им се обрати на руските војници, повикувајќи ги да престанат со борбите, истакнувајќи оти „им нуди шанса да преживеат“.
Според Зеленски, руските сили изгубиле 80 авиони, стотици тенкови и повеќе воена опрема за 19 дена борби.




