Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече оти е време да се сфати фактот дека неговата земја нема да стане дел од НАТО. Тој го истакна тоа на онлајн состанок со лидерите на западните земји.
Зеленски нагласи дека украинскиот народ моментно се потпира на поддршката од меѓународните партнери и тоа повеќе отколку на НАТО алијансата.
„Секако, Украина не е членка на НАТО. Тоа нѝ е јасно. Со години слушавме дека вратата нѝ е отворени, но и дека не смееме да влезе на таа врата“, рече Зеленски.
Тој рече дека и други држави, кои граничат со Русија, би требале да размислат за својата одбранбена моќ, независно од НАТО.
Зеленски ги повика лидерите на нордиските и балтичките земји, на Самит чиј домаќин е британскиот премиер, Борис Џонсон, да испратат уште оружје.
„Сите сме на мета на Русија и сè ќе биде против Европа ако Украина не издржи. Па, би ве замолил да си помогнете и себеси, помагајќи нè нас“, порача шефот на украинската држава.
Претседателот на Украина изрази и благодарност за поддршката што досега ја добила неговата земја, меѓутоа потенцира дека е потребна уште помош.
„Знаете какво оружје ни треба. Без ваша поддршка би било многу тешко и многу сум благодарен, но сакам да кажам дека треба уште. Се надевам дека ќе успеете да го подобрите тој опсег и ќе видите како тоа ќе ја заштити вашата безбедност и вашата сигурност“, рече Зеленски.




