Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Подгответе се за најлошото сценарио, Русите планираат нови напади врз инфраструктурата

0
By Ана Василевска on November 7, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Володимир Зеленски
Володимир Зеленски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано изутринава изјави дека земјата се подготвува за нови руски напади врз нејзината инфраструктура, откако градоначалникот на Киев ги повика граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио.

„Земјата денеска се соочува со недостиг од 32 отсто во предвиденото снабдување со електрична енергија, рече Сергеј Коваленко, извршен директор на ЈАСНО (YASNO), главниот снабдувач со енергија во Киев. Ова е многу и тоа е виша сила“, рече тој.

Во меѓувреме, националните енергетски власти предупредија на планирани исклучувања, но и на можни дополнителни ограничувања во главниот град и регионот околу него, како и во шест други региони во земјата.

Предупредувањата уследија откако градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги повика жителите „да бидат подготвени на сè“, вклучително и најлошото сценарио каде главниот град ги губи струјата и водата.

„Ако имате пошироко семејство… или пријатели надвор од Киев, каде што има автономно снабдување со вода, печка, греење, ве молиме разгледајте ја можноста да останете таму одредено време“, изјави викендов Кличко.

Зеленски во своето ноќно видео обраќање истакна дека 4,5 милиони потрошувачи се веќе без струја.

„Ние исто така дознавме дека терористичката држава концентрира сили и ресурси за можни повторени масовни напади врз нашата инфраструктура, рече тој. – Пред сè, енергијата. Конкретно, на Русија за тоа и беа потребни иранските ракети. Се подготвуваме за одговор“, додаде украинскиот претседател.

Војна во Украина Володимир Зеленски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.