Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето преку видеоврска пред Европскиот парламент повтори дека украинскиот народ со отпорот на агресијата на Путин покажал колку е близок до Европската Унија (ЕУ) и до европскиот блок порача да не го изневери, објави „Киев индепендент“.
Мило ми е што ве обединивме денеска, сите земји на Европската Унија. Но, не знаев дека тоа ќе има толку висока цена. Ова е трагедија за мене, за сите Украинци, за нашата земја, порача Зеленски.
Седејќи покрај украинското знаме, Зеленски истакна деке денешниот ден ќе биде последен за некои граѓани кои ја бранат земјата, пренесе „Гардијан“.
Украина, нагласи тој, плаќа висока цена за европските идеали којка се мери во „стотици убиени луѓе, две револуции, една војна и инвазија со полн опсег која гтрае пет дена.
Украинскиот претседател нагласи пред европратениците дека „се обраќа меѓу две бомбардирања и потсети дека утринава беа изведени два ракетни напада на Плоштадот на слободата“ во Харков.
„Ние сме како вие. Затоа покажете дека сте со нас“, порача Зеленски пред европратениците.




