Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русите се подготвуваат за гранатирање на Одеса во текот на денот. Истовремено, „Си-Ен-Ен“ објави дека рано утрово е гранатиран евакуациски пункт во Киев.
Според Зеленски, руската војска се подготвува за гранатирање на Одеса, клучното пристаниште со излез на Црното Море.
„Ракети на Одеса? – Тоа ќе биде воено злосторство, предупреди Зеленски во најновото телевизиско обраќање.
„Си-Ен-Ен“, во меѓувреме, јави дека евакуациски пункт за цивили, кои се обидувале да побегнат од округот Ирпин, западно од Киев, е гранатиран утрово.
На таа локација, во моментот на гранатирање, снимале меѓународни медиуми. Пунктот во моментот, како што извести „Си-Ен-Ен“, го минувале неколку десетици цивили при што загинале најмалку три лица од кои две деца.




