Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео-порака објавена денеска, рече дека неговата влада „работи на повторно обезбедување на хуманитарните коридори од градовите“.
Автобусите веќе тргнаа, камионите се на пат и превезуваат храна, вода и лекови, рече Зеленски.
Тој ги спомена коридорите до пристанишниот град Мариупол, источниот град под опсада Волновахи и североисточните градови Изјум и Суми.
„Срцето ми се кине кога гледам што им направија окупаторите на нашите градови, на нашата земја, но и што сакаат да му направат на нашиот народ, на кој му е потребна итна помош. Русија сака да го понижи нашиот народ, да моли на колена за леб и вода и да можат да си ги спасат животите само со одење на окупираната територија или во Русија. Затоа тие ги блокираат Мариупол, Волновахи и другите градови“, рече украинскиот претседател.




