Претседателот на Украина, Володомир Зеленски се огласи на социјалните мрежи веднаш откако неговата земја беше прогласена за победник на Евровизија 2022.
-Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа! Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен. Ќе дадеме се’ од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол. Ослободен, мирен, повторно изграден, напиша Зеленски во својата објава.
Тој се заблагодари за победата на „Калуш оркестра“ и на сите кои гласале за неа.
Групата Калуш оркестра настапија во Торино со темата „Стефанија“ и освојувајќи 631 поен и’ ја донесоа на Украина евровизиската победа.
https://www.youtube.com/watch?v=F1fl60ypdLs