Published: Friday, March 11, 2022 14:15
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави нова видео порака во која истакна дека Украина се движи кон победа. Како што наведе тој, Украина дошла со стратешка пресвртница.
„Дојде до стратешка пресвртница. Веќе сме на пат кон победа“, рече Зеленски.
„Веќе 16 ден се бориме за нашата слобода. Ова е четири пати подолго одошто непријателот планираше за својата инвазија. Четири пати подолго. Против војска која важеше за една од најсилните во светот. Која се надеваше дека Украинците ќе се предадат“, додаде украинскиот претседател.
Тој се осврна и на најновите одлуки на Европската Унија за кои рече дека „не се онакви какви што се очекуваа во Киев“.




