Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја повика Русија да прекине со непријателските дејствија и додаде оти руски воздушно-десантни трупи се видени пред Киев.
Украина не го избра патот на војна, но Украина нуди да се врати на патот на мирот, рече Зеленски.
Тој истакна дека руски воздушно-десантни сили се запрени и уништени на аеродромот Хостомел кај Киев, како и дека се уништени многу руски воени авиони и оклопни возила, но не наведе точен број.
Заробен е, исто така, и одреден број на руски војници, пренесе агенцијата Бета.
Зеленски истакна дека е тешка ситуацијата во Харков, втор по големина град во Украина, кој е оддалечен нешто повеќе од 20 километри од границата со Русија и оти Русите полека напредуваат на север кон Черњигово.
Претседателот на Украина им порача на светските лидери дека, ако не ѝ помогнат на неговата земја, „утре војната ќе тропне на нивна врата“.




