Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Украина остана без ракети за пресретнување за системите „Патриот“ по рускиот напад

0
By Zoran Ivanov on August 1, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 1, 2026 13:34

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Украина останала без ракети за пресретнување за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, по новиот голем руски ноќен напад врз земјата.

Според него, во нападот била соборена само една балистичка ракета, додека руските сили извршиле масовен воздушен напад со ракети и беспилотни летала.

Украинските власти соопштија дека само во Кијив загинале најмалку девет лица, а повеќе од 30 се повредени. Зеленски на социјалните мрежи напиша дека спасувачките екипи сè уште гасат повеќе пожари што избувнале во главниот град и околниот регион.

Тој информираше дека се оштетени 18 станбени згради, училишта, амбасадата на Литванија и инфраструктурни објекти.

Руските напади погодија обични станбени згради, напиша Зеленски.

Според украинскиот претседател, Русија во текот на ноќта лансирала 35 ракети, од кои 27 балистички, како и 185 јуришни дронови од различен тип. Главна цел бил Кијив, но нападнати биле и регионите Днипропетровск, Суми, Харкив и Полтава.

Зеленски истакна дека причината за мал бројот на соборени балистички ракети е тоа што Украина немала доволно пресретнувачки ракети за системите „Патриот“ одамериканско производство.

Клучно е партнерите да разберат дека овие способности не се потребни за некакви хипотетички сценарија во резервите, туку овде и сега, за да се спречи и запре руската војна во Украина, порача Зеленски.

Тој додаде дека секој пакет ракети за пресретнување балистички проектили спасува животи, а секоја ноќ без доволна противвоздушна одбрана носи поголем број жртви.

 

Зеленски Патриот ракети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.