Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски во Советот на Европа потпиша договор за формирање на специјален суд за „злосторството и агресијата против Украина“

0
By Marija Todorovska on June 26, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Фото: Council of Europe
Фото: Council of Europe
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера со Советот на Европа потпиша договор за формирање на специјален суд за „злосторството и агресијата против Украина“.

Сите воени злосторници мора да знаат дека правдата ќе биде задоволена, а тоа ја вклучува и Русија, рече Зеленски.

„Овој потпис е одлучувачки чекор кон формирање на специјален суд за злосторството и агресијата против Украина“, рече претседателот на Советот на Европа, Ален Берсет.

Ова е првпат да се формира специјален суд под покровителство на Советот на Европа.

Русија беше исклучена од Советот на Европа кратко откако ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Формирањето на судот, кое Украина и нејзините европски сојузници го објавија во Л’вов на 9 мај, овозможува да се заобиколи невозможноста за судење за „злосторство и агресија“ во Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој Москва не го признава.

Денешната спогодба и овој суд ни даваат вистинска можност да добиеме правда за злосторството и агресијата“, рече Зеленски.

Специјалниот суд нема да може да ги гони рускиот претседател Владимир Путин, неговиот премиер Михаил Мишустин или министерот за надворешни работи Сергеј Лавров додека се на функција.

Судот ќе има 15 судии од различни земји кои ќе ги избира одборот на директори, а нивниот мандат ќе трае од три до девет години и не може да се продолжи.

Освен овој суд, Советот на Европа иницираше воспоставување регистар на штети предизвикани во војната во Украина.

Регистарот досега примил повеќе од 34.000 барања за надомест, рече Берсет.

Зеленски Совет на Европа Специјален суд Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.