Published: Monday, March 14, 2022 15:34
Украинскиот претседател Володомир Зеленски во среда (16 март) ќе има обраќање во американскиот Конгрес. Според американските медиуми, обраќањето ќе биде во 1 часот по Гринич, преку видео-врска.
„Конгресот останува непоколеблив во нашата посветеност да ја поддржиме Украина додека тие се соочуваат со суровата агресија на рускиот претседател Владимир Путин и да усвојат закони за изолирање на руската економија, како и доставување хуманитарна, безбедносна и економска помош за Украина“, се наведува во објавата за говорот од спикерот Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.




