Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска го посети Киев, каде имаше средба со претседателот и со премиерот на Украина, Володимир Зеленски, односно Денис Шмихал.

Зеленски ја искористи прилика да ѝ врачи орден Јарослав Мудриот на шефицата на ЕК.

„Ова е голема чест. Го прифаќам одликувањето во име на сите граѓани на ЕУ и како симбол на нашите силни односи“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Украина се обидува да влезе во Европската Унија од почетокот на руската инвазија, а во јули и официјално доби статус на земја-членка.