Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјите членки ќе одлучуваат за одложување на Брегзит

0
By Нова ТВ on March 21, 2019 СВЕТ
Фото: Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 21, 2019 08:41

Шефовите на држави и влади на Европската Унија денеска се состануваат на редовниот пролетен самит во Брисел, а главна тема на разговори ќе биде британското барање за одложување на датумот за Брегзит, јави МИА од Брисел.

Иако повеќето земји членки во принцип се согласни за вакво одложување, се очекува денеска на Британците да им бидат поставени условите за ова барање.

Премиерката Тереза Меј вчера испрати писмо до претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, во кое побара одложување до 30 јуни, во обид до тогаш да најде компромис дома за договорот за повлекување од ЕУ, компромис кои британските парламентарци веќе двапати со големо мнозинство го одбија.

Туск вчера изјави дека ЕУ е подготвена да прифати „кусо одложување“, само под услов британскиот Парламент да го прифати договорот на Меј со ЕУ. Членките на Унијата исто така ставија на знаење дека одложувањето не би требало да оди подалеку од 23 мај, денот кога почнуваат изборите за Европскиот Парламент, на кои во принцип не може да учествува Обединетото Кралство, бидејќи нивните европратенички седишта се веќе прераспоредени за другите 27 земји.

Лондон и другите европски престолнини ќе разговараат за рокот на одложување. Нејасно е, од правна гледна точка, дали останувањето во ЕУ до 30 јуни ќе значи дека Британците ќе треба да учествуваат во изборите. Во тој случај, се очекува ЕУ да инсистира Британија да си замине до 23 мај.

Околу ова прашање постојат значајни разлики меѓу пристапот на Советот и на Европската Комисија. Додека Советот, односно земјите членки, сметаат дека Велика Британија би можела да остане во ЕУ до конституирањето на новиот Европски Парламент на втори јули, Европската Комисија, пак,  предупредува дека одложување на Брегзит по 23 мај може да го загрози правниот интегритет на европските институции. Како што објаснуваат дипломатите во ЕУ, веќе од први јули, Европскиот Парламент би можел да стане предмет на прекршочна процедура од страна на било кој граѓанин на ЕУ пред Европскиот Суд за правда поради ненапуштање на Обединетото Кралство пред изборите.

Повеќе земји членки исто така ќе побараат од Меј да го оправда нејзиното барање за одложување. Како што посочи шефот на европскиот преговарачки тим, Мишел Барние, пред два дена, прашањето е зошто да се одложи Брегзит за неколку месеци ако ставот на британскиот Парламент останува ист, со што само би се продолжиле непродуктивните преговори меѓу двете страни.

Разговорите за Брегзит несомнено повторно ќе ги монополизираат дебатите меѓу земјите членки на ЕУ, и покрај набиената агенда. Друга важна тема на разговор денеска ќе биде новата стратегија на ЕУ кон Кина, во која првпат ЕУ го квалификуваше азискиот гигант како „стратешки ривал“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.