Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер е регистриран на територијата на Северна Кореја.
Како што пренесува Би Би Си, епицентарот на земјотресот е во непосредна близина на метото од каде Пјонгјанг досега вршеше нуклеарни проби.
Според претставник на јужнокорејската метеролошка служба, земјотресот е забележан во близина nа местото Киљу, на североистокот на Северна Кореја. И додека јужнокорејските служби тврдат дека потресот не го предизвикала вештачка експлозија, кинескитe сеизмолози сметата дека тој сепак е предизвикан од детонација.
Јачината на овој земјотрес е многу помала од сите досегашни потреси по нуклеарните проби на режимот на Ким Јонг ун.
Последната се случи на 3 септември.