Published: Tuesday, October 2, 2018 16:01
Бројот на загинати во Индонезија се искачи на 1.234 луѓе, соопшти Националната агенцијата за катастрофи. Земјотресот со јачина од 7,5 степени кој предизвика цунами ги остави без електрична енергија градот Палу, но и други крајбрежни градови.
Потребите за свежа вода и храна се зголемуваат, а спасувачките екипи стигнаа до оддалечените области на островот Сулавеси, информираат официјални претставници.
„Денеска со неколку авиони ќе испратиме храна, колку што е можно повеќе“, изјави претседателот Јоко Вифдодо додавајќи дека исто така е испратено и гориво.
Додека со голема брзина траат операциите за расчистување и спасување, работниците подготвуваат масовни гробници за стотиците кои загинаа на островот.




