Published: Wednesday, December 7, 2016 12:04
Расте бројот на загинатите во силниот земјотрес што утрово го погоди индонезискиот остров Суматра. Според официјалните претставници нивниот број засега е 97, додека стотици се повредени.
АФП јави дека меѓу загинатите има и седум деца.
Командантот на војската во провинцијата Ачех соопшти дека досега се спасени четири луѓе.
Земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтер се случил утрово додека додека верниците се подготувале за утринска молитва. Некои градчиња се целосно срамнети со земја.
Провинцијата Ачех беше една од областите која во 2004 година беше погодена од катастрофалниот земјотрес, и цунамито при што загинаа над 170.000 луѓе.




