Земјотрес од 2,7 степени според Рихтеровата скала денеска во 11.14 часот беше почувствуван во скопско.
Според Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на 50 километри западно од Скопје, 11 км северо-западно од Боговиње.
Длабочината на потресот бил на 5 километри.
Овој е трет помал земјотрес во последните неколку дена. Имено, два земјотреси се случија во четвртокот попладнето, во Скопје од кои едниот беше со јачина од 1,9 степени според Рихтер , а вториот со јачина од 2,1 степени.