Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер го погоди Еквадор. Епицентарот е на западниот брег на државата. За сега нема информации за повредени.
Поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа, преку социјалната мрежа Твитер , се потсети со каков разорен земјотрес Еквадор се справуваше минатата година.
„Силен земјотрес во Сан Висенте. Се надевам се е во ред. Во Есмералдас се почувсвува силно исто така. Ме потсетува на тешките времиња кога јас бев претседател“, напиша тој.
Земјотрес со јачина од 7.8 степени го погоди Еквадор минатата година, при што 676 луѓе загинаа а над 16.000 беа повредени.
Изминативе месеви во Еквадор постојано има земјотреси, за среќа повеќето од нив мали. Државата сепак е на појас кој е подложен на чести поместувања на тектонските плочи.