Земјотрес со јачина од три и пол степени според Рихтеровата скала, вечерва во 18:36 часот беше почувствуван од населението во југозападните делови од земјава.
Како што информира Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на 80 километри југозападно од Скопје, а потекнува од епицентралното подрачје Кичево.