Published: Thursday, June 25, 2020 08:58
Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди југозападниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд. Нема извештаи за штети или жртви, пренесува Ројтерс.
Илјадници луѓе во околината на Милфорд Саунд го почувствувале тресењето на земјата, чијшто епицентарот бил на длабочина од пет километри.




