Published: Monday, February 6, 2017 09:47
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер со епицентар во Егејското море го затресе утрово крајбрежјето на Турција, соопшти турскиот сеизмолошки центар.
Според првичните информации засега се регистрирани оштетувања на повеќе куќи во пет села, а најмалку 4 лица се повредени, објави агенцијата Анадолија. Засега нема други детали.




