Силен земјотрес е почуствуван утрово околу 5:30 часот на подрачјето на Далмација. Според известувањето на Европскиот – медитеранско сеизмолошки центар, потресот најсилно е почуствуван во Сплит, Трогир, но и во Белград.

Епицентарот на потресот бил на 45 километри длабочина. Како што се дознава од Сеизмолошката служба на Хрватска, епицентарот на потресот бил кај Муќ.

Подетални информации не се соопштуваат, затоа што податоците се уште се обработуваат, само е потврдено дека земјотресот бил со јачина од 4 степени според Рихтер.

Засега нема информации за повредени граѓани и големи материјални штети.