Земјотрес со интензитет од 4,2 степени по Рихтер ја потресе централна Италија во раните утрински часови, соопшти Националниот институт по геофизика и вулканологија на Италија.
Во моментов нема податоци за жртви и материјална штета.
Според податоците на Институтот потресот бил почувствуван во 04.13 по македонско време, а епицентарот му се наоѓал на 14 км. длабочина на границата меѓу провинциите Аквила, Риети и Терамо.
Станува збор за областите во близина на градот Аматриче, кој беше речиси целосно уништен со земјата по минатогодишните земјотреси, достигнувајќи дури 6,0 степени по Рихтер .
Утрово биле регистрирани и два нови послаби земјотреси во Македонија.
Спорес Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) во 3.53 часо т по локално време бил почувствуван првиот потрес со интензитет од 2,5 по Рихтер. Тој бил на 16 километри јужно од Охрид и на 2 километри длабочина.
Вториот земјотрес исто бил со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала. Тој бил регистриран во 4.49 часот, по локално време , на 9 километри западно од Јанковец и на длабочина од 2 километри.





