Published: Saturday, November 15, 2014 10:04
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ja погоди доцна синоќа Лима, но не е регистрирана материјална штета, додека земјотресот од пет степени веднаш потоа е почувствуван во Гватемала и Ел Салвадор.
Во Перу, епицентарот на земјотресот бил на околу 80 километри југозападно од главниот град, соопшти перуанскиот Институт за геофизика.
Во Централна Америка, земјотресот е регистриран на пацифичкото крајбрежје на Гватемала, област која граничи со Ел Салвадор.Во овие земјотреси немаше жртви.
Земјотрес со јачина од 7,3 степени истотака е снимен во текот на ноќта во источниот дел на Индонезија. Таму нема информации за жртви, но се смета дека тоа е мерка на претпазливост и предупредување за цунами.



