Published: Saturday, October 6, 2018 09:05
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во провинцијата Катанија на италијанскиот остров Сицилија.
Епицентарот на земјотресот бил на територијата на општината Санта Марија ди Ликодија и на длабочина од девет километри. Според локалните медиуми, неколку лица биле хоспитализирани со мали повреди, и во состојба на шок. Како резултат на земјотресот, паднати се дел од фасадите на неколку згради.
Штети се предизвикани и во две соседни општини – Бјанкавила и Адрано. Потресот бил почувствуван на целата територија на провинцијата Катанија, како и во провинциите Ена и Месина и во градот Сиракуза.




