Published: Saturday, February 6, 2016 12:03
Земјотрес со јачина од 6.4 степени го стресе Тајван и уби најмалку седум лица, јавија службите за помош.
Се урна зграда од 16 ката и се сомнева дека во урнатините се наоѓаат 30 лица заробени помеѓу бетонот од зградата, пишуваат тајванските медиуми.
Земјотресот се случил во сабота во 4 часот по локално време.
Урнати се четири згради во градот Тајнан. Помеѓу жртвите се наоѓа едно бебе од 10 месеци.
Тајван испрати 800 војници за помош
Тајван се наоѓа на границата меѓу две тектонски плочи и земјотресите на островот се чести. Во 2013 година, земјотрес со јачина од 6,3 уби 4 лица а во земјотресот од 1999 загинаа 2.400 лица.




