Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зголемен интересот кај земјоделците – 2901 барања за набавка на трактор, изградба на силоси, за проектот рурална жена

0
By НОВА ТВ Balaban on June 6, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 6, 2022 13:51

Од нив 2675 апликации за набавка на трактори, 132 апликација за грантот од 6.000 евра за рурална жена, 62 апликации за набавка на опрема за производство на тутун, 24 апликации за изградба на силоси и 8 апликации за изградба на мандри.

Зголемен интерес кај земјоделците бележат последните пет јавни повици кои беа распишани од програмата за Рурален развој за 2022 година, преку кои се овозможи поддршка за набавка на трактор, поддршка за изградба на силоси, изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун и грантот за рурална жена.

Рокот за аплицирање на овие јавни повици беше до 20. мај, а до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнати се вкупно 2.901 апликација. Од нив 2675 апликации за набавка на трактори, 132 апликација за грантот од 6.000 евра за рурална жена, 62 апликации за набавка на опрема за производство на тутун, 24 апликации за изградба на силоси и 8 апликации за изградба на мандри.

Поддршката на овие јавни повици е во форма на кофинансирање, односно до 75% од вкупната вредност на набавениот трактор, силос и мандри, или поединечно по корисник поддршката изнесува до 3.500.000 денари за трактор, 1 милион денари за силоси и 600.000 денари за мандри по корисник. Поддршката за набавка на опрема за производство на тутун е нова мерка која овозможува инвестиции во машини за расадување на тутун, машини за нижење на тутун и метални конструкции за сушење на тутун. Максималниот износ на поддршката за оваа мерка по корисник изнесува 4.500.000 денари.

Зголемениот интерес за проектот рурална жена, не мотивира и висината на грантот двојно ја зголемивме од 3000 на 6000 евра по корисник. Преку овој проект ги мотивираме жените земјоделки да се занимаваат со земјоделство.

Како министерство водиме грижа и даваме поддршка за секој земјоделец. Започнавме нова пракса каде нема селективност, нема правило прв дојден прв услужен, туку обезбедуваме поддршка за сите земјоделци кои се јавиле на јавниот повик и приота ги исполнуваат мерките.

Тоа го докажавме со потпишувањето на договорите за набавка на педигриран добиток каде од вкупно 104 апликации, договор е потпишан со 103 апликанти, додека 1 апликант ја има повлечено својата апликација. На овој начин сточниот фонд го збогативме за нови 3842 грла високо педигриран добиток, а вредноста на поддршката изнесува 253 милиони денари. Уште еден таков позитивен пример е и потпишувањето на 322 договори за набавка на модерни системи за наводнување, подршка вредна 75 милиони денари.

Во наредниот период министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за Рурален развој предвидува распишување на нови два јавни повици за набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз и јавен повик за изградба на пристапни патишта до земјоделски површини.

 

набавка Трактор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.