Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зголемена смртност и новозаразени од коронавирусот во светот

0
By НОВА ТВ on July 13, 2021 СВЕТ
Фото: goodshepherdcommunities.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високата стапка на смртност од последиците на Ковид-19 потврдија Велика Британија и Русија. Здравствените експерти предупредуваат дека луѓето не треба да се опуштат, иако коронавирусот се чини дека е потиснат, а нивните стравови се поткрепени со зголемувањето на бројот на нови инфекции и смртни случаи во неколку земји во светот. Велика Британија денеска соопшти дека уште 50 лица починале од Ковид-19, што е најголем број смртни случаи од оваа болест од април. Додека Владата во Лондон се подготвува да ги укине речиси сите мерки на 19 јули, уште 36.660 нови случаи на зараза со коронавирус се регистрирани денеска, покажуваат официјалните податоци.

Бројот на нови случаи на коронавирус продолжува да се зголемува и во Грција. Регистрирани се 3.109 нови случаи во изминатите 24 часа, најмногу во последните два месеца. Починати се четворица пациенти.

Русија, исто така, забележа нов црн рекорд во бројот на смртни случаи, бидејќи 780 лица починаа во изминатите 24 часа како резултат на инфекција со Ковид-19. Претходно, најмногу смртни случаи беа регистрирани на 10 јули – 752 починати. Во земјата потврдени се 24.702 нови случаи на коронавирус, а од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 5.833.175 случаи на инфекција.

Индонезија денеска пријави рекорден број случаи на инфекција со коронавирус, а властите најавија планови да нарачаат течен кислород и илјадници респиратори од странство за лекување на пациентите. Во оваа држава евидентирани се 47.899 нови случаи на инфекција, што е шести дневен рекорд во последните десет дена, и приближно седум пати повеќе од пред еден месец. Бројот на смртни случаи од коронавирус денеска изнесува 864, а вкупно 68.000 починати од почетокот на пандемијата.

вирус Ковид-19 случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.