Данска денеска објави дека открила вкупно 183 заразени лица со Омикрон сојот на коронавирус. Земјата во петокот имаше само 18 потврдени случаи и 42 осомничени дека се заразени.
Данска е една од водечките земји на ЕУ во секвенционирање на варијанти на коронавирус.
Тамошните здравствени власти им препорачуваат вакцинација на повозрасните од 18 години, бидејќи утврдиле дека имунитетот се намалува и кај помладите. Според мерките што моментно важат во земјата, барем до средината на овој месец ќе биде потребен дигитален сертификат за влез во ресторани, ноќни клубови или кафулиња.