Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен навести дека односите меѓу Вашингтон и Москва можеби нема да бидат обновени, пренесува Танјуг.

Во обраќање пред дипломците на универзитетот Џорџтаун, Блинкен во шега рече оти жали за фактот што нема гитара со себе и што не може да му се обрати на рускиот претседател, Владимир Путин со стихови од песната на американската пејачка Тејлор Свифт – „We are never ever getting back together“ (Никогаш нема да се помириме).

Блинкен рече дека персоналот не му дозволил да понесе гитара за „да му ја посвети „We are never ever getting back together“ на претседателот Путин“.

Според зборовите на Блинкен, кои предизвикаа смеење во публиката, членовите на неговиот тим сметале дека такво нешто би било „недипломатски и провокативно“.