Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жалбата на „Еуромакс“ за одземање на концесијата за рудникот Иловица е одбиена

0
By Нова ТВ on September 30, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен ја потврди одлуката на Министерството за економија и го одби барањето на Еуромакс Ресурси за дозвола за експлоатација на руда во рудникот во Иловица – Штука.

„Еуромакс“ се жалеше на одлуката на Владата за одземање на концесијата затоа што компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација.

Од невладината „Еко долина“ сега очекуваат Владата да го раскине договорот со Еуромакс за рудникот во Иловица – Штука.

„Има симболика во денешниот ден – вера, надеж, љубов дека Македонија ќе остане здрава еколошка средина и нема дополнително да се загадува“ рече за НОВА Костадин Ристоманов – претседател на невладината организација „Еко Долина“, и човекот кој ги предводеше протестите против отворањето на рудникот Иловица – Штука.

„Еуромакс Ресурсис“ првата концесија ја доби во 2012 година, а во 2016 година пред истекот на законскиот рок достави барање за дозвола за работа, но Министерството за економија утврди дека компанијата не ги исполнила условите од Договорот.

Ристоманов очекува со решението на Државната комисија да стане правосилна одлуката на Владата и концесијата да биде одземена.

„Очекуваме во најбрз временски период Владата да донесе одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина со концесионерот Еуромакс Ресурси.

Ова е голема победа за екологијата во Македонија и вонредно значајна за југоисточниот регион“, вели Ристоманов.

Невладини организации и жители на Струмица, Босилово и Ново Село со месеци организираа протести против отворање на рудникот. Наспротив нив од компанијата уверуваа дека при ископувањето на руда ќе се користат сите модерни технологии за заштита на животната средина.

Владата на седницата на 4 јули донесе одлука да се одзeме концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица. Во информацијата која ја доставило Министерството за економија пишува дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согалсно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација. Поради ова „се одбива барањето за издавање на концесија за експлоатација на минерална суровина бакар и злато на локалитетот „Иловица“.

 

Влада Еко долина Еуромакс Рудник Иловица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.