А сведок сум дека има многу пациенти без коморбидитети, но невакцинирани, а починале! Единствената мерка која би не заштитила полесно да поминеме е вакцинација. Тоа е наша и ваша обврска да ги сензибилизираме нашите граѓани да се вакцинираат, апелираше д-р Демири
Жално е пациент да живее во Скопје, а да не е вакциниран! Луѓето не треба да се опуштаат дека омикрон е полесна варијанта. Да, таа е полесна кај поголем дел, ама кај вакцинираните, а додека кај невакцинирани знае да биде со тешка клиничка манифестација. Охрабрувањето дека е полесен сој е клинички неиздржано, предупреди новиот член на Комисијата за заразни болести, д-р Илир Демири, кој е и инфектолог на Клиниката за инфективни заболувања, каде веќе се исполнети капацитетите.
И во другите ковид-центри во земјава е зголемен бројот на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација.
Д-р Демири тврди – „до ден-денеска немам евидентирано ни еден починат од ковид-19 без коморбидитети, а да е редовно вакциниран“.
– А сведок сум дека има многу пациенти без коморбидитети, невакцинирани, а починале! Единствената мерка која би не заштитила полесно да поминеме е вакцинација. Тоа е наша и ваша обврска да ги сензибилизираме нашите граѓани да се вакцинираат. Од сите починати да се нaпрaви статистика и возраста да се види, има и 80-годишен и 90-годишен, секој е битен, а 90 отсто се невакцинирани. Сега имаше млад починат, невакциниран и со коморбидитети, како хипертензија – додаде тој.
(Љ.Б)