“Жал ми е, jaс не сум Шарли”, изјави основачот на францускиот Национален фронт Жан-Мари Ле Пен и татко на Марин Ле Пен, лидерката на Фронтот, алудирајќи на слоганот кој од средата, кога се случи масакр во седиштето на францускиот сатиричен весник во Париз циркулира буквално во целиот западен свет, особено низ социјалните мрежи и медиумите.
“Денес може да се види насекаде: сите ние сме Шарли, јас сум Шарли. Е па, добро, жал ми е, јас сум Шарли. Многу ми е жал за смртта на дванаесет француски сограѓани, но јас немам намера да учествувам во одбрана на духот на Шарли- тоа е за анархистичко- троцкистички дух кој ја растерува политичката моралност “, рече тој во видео обраќање на својата веб страница, велејќи дека неделникот се залагаше за распуштање на Националниот фронт.
Многу други европски екстремно десничарски партии сметаат дека крвавиот напад врз францускиот сатиричен магазин докажа дека тие имаат право да ги почитуваат своите антиимиграциски и протимуслимански ставови.




