Жарко Луковски , Извршниот член на Одборот на директори во функција на Главниот оперативен директор на Македонски Телеком ќе ја продолжи својата кариера надвор од компанијата поради завршување на неговиот менаџерски договор заклучно со 30 јуни 2017, објави „Фактор“.

Назим Буши, досегашниот Заменик Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком ќе ја извршува функцијата на Извршен член на Одборот на директори во функција на Главен оперативен директор на Македонски Телеком во временски период до 3 месеци, почнувајќи од 1 јули 2017 година

Луковски беше на највисоки раководни позиции во компанијата од 2006 година. Во 2010 година назначен е за Главен извршен директор на Т-Mobile Македонија, а во 2015 за Главен оперативен директор на Македонски Телеком.