Иван Тричковски, како капитен на АЕК Ларнака, ќе го предводи кипарскиот претставник во групата Б на мегдан со Динамо Киев, со Рен и со Фенербахче во претстојната сезоната во фудбалската Лига Европа. Трабзонспор, пак, чиј член од неодамна е Енис Барди ќе игра во групата Х, заедно со екипите на Црвена звезда, на Монако и на Ференцварош.

Ова е епилогот од ждрепката за групната фаза за новата сезона во второто по ранг фудбалско клупско натпреварување.

Од поинтересните групи ги издвојуваме А во која силите ќе ги одмефрат Арсенал, ПСВ Ајндховен, Бодо/Глимт и Цирих, потоа Ц конкуренцијата која ги обедини Рома, Лудогорец, Бетис и Хелсинки. Во групапа Е ќе играат Манчестер јунајтед, Реал Сосиедад, Шериф Тираспол и Омонија, а возбудливи дуели носи и групата Ф во која се Лацио, Феенорд, Митјиланд и Штурм.

Лига Европа, сезона 2022/23

Група А: Арсенал, ПСВ Ајндховен, Бодо/Глимт, Цирих

Група Б: Динамо Киев, Рен, Фенербахче, АЕК Ларнака

Група Ц: Рома, Лудогорец, Бетис, ХЈК Хелсинки

Група Д: Брага, Малме, Унион Берлин, Сент Жилоа

Група Е: Манчестер Ј., Реал Сосиедад, Шериф Тираспол, Омонија

Група Ф: Лацио, Феенорд, Митјиланд, Штурм

Група Г: Олимпијакос, Карабаг, Фрајбург, Нант

Група Х: Црвена звезда, Монако, Ференцварош, Трабзонспор