One train car completely flipped over and crushed. @thestate #sctweets pic.twitter.com/i4dbyP69bP
— Maayan Schechter (@MaayanSchechter) February 4, 2018
Најмалку две лица загинаа, а 70 се повредениНајмалку две лица загинаа, а 70 се повредени при судар на патнички и товарен воз во американската држава Јужна Каролина , јави Еј-Би-Си њус.
Си-Ен-Ен јави дека при несреќата истекле околу 19 тони гориво, но локалните власти тврдат дека во овој момент нема опасност за околината.
Властите во областа Лексингтон соопштија дека загинатите се од патничкиот воз.
Железничката компанија „Амтрак“ соопшти дека возот кој одел од Њујорк кон Мајами „дошол во контакт“ со товарниот воз на превозничката компанија CSX во местото Кејс во Јужна Каролина.
Во соопштението се наведува дека „главната локомотива, како и неколку вагони, излетале од шините“ и дека во патничкиот воз биле осум членови на екипажот и 139 патници.
Портпаролот на Медицинскиот центар Лексингтон во Западна Колумбија изјави за „Еј-Би-Си њус“ дека примиле 25 патници со помали повреди и дека Здравствениот центар „Палмето“ исто така примил пациенти, но нема информации за нивниот број и повреди.





