Published: Sunday, November 20, 2016 11:26
Над 100 луѓе загинаа, а околу 150 се повредени откако патнички воз излета од шините во северната индиска држава Утар Прадеш.
Како што соопштија властите несреќата се случила рано утрово во градот Канпур. Спасувачите употребуваат тешка механизација за од остатоците на експресниот воз да ги извадат телата на загинатите и да ги извлечат преживеаните, поради што нема точна бројка на загинатите.
Се уште не се знае причината за несреќата. Министерот за транспорт Суреш Прабу рече дека ќе бидат преземни акции против одговорните за несреќата.
Железнички несреќи со многу жртви се чести во Индија каде што железничката инфраструктура е стара.




